Летовите на лондонскиот аеродром „Гетвик“ беа повторно суспендирани поради сомнеж дека над пистата има дронови, соопшти портпаролот на аеродромот.
Аеродромот „Гетвик“ денеска беше повторно отворен, откако беше затворен повеќе од 24 часа поради дронови, кои летаа над пистата, оставајќи десетици илјади патници блокирани на аеродромот во екот на претпразничната сезона.
Британската полиција и сообраќајните служби соопштија дека преземаат дополнителни безбедносни мерки за да ги спречат дроновите да дојдат до аеродромот.
„Гетвик” годишно опслужува повеќе од 43 милиони патници.