Воената хунта во Нигер повторно го отвори воздушниот простор на земјата за сите комерцијални летови, откако беше затворен од 6 август, соопшти денеска портпаролот на Министерството за транспорт.
Исклучувањето ги принуди Ер Франс и другите европски авиопревозници да прекинат некои летови и да летаат подолги рути низ африканскиот континент.
Хунтата првично го затвори воздушниот простор на Нигер, наведувајќи дека постои можност за воена интервенција од земјите-членки на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS).