Десетици демонстранти носејќи факели, мегафони и знамиња во зората протестираа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, барајќи оставка и потсетувајќи го на неговото судење за корупција, што ќе продолжи во февруари.
Полицијата приведе седум демонстранти. Протестот беше организиран од групата наречена „Министер на криминалот“, која го повика Нетанјаху да поднесе оставка поради судењето и поради лошото раководење со пандемијата.
Демонстрантите го читаа обвинението пред резиденцијата на Нетанјаху, кој денеска требаше да се појави на суд, но судењето е одложено поради рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19.
Израелците повеќе месеци протестираат пред домот на Нетанјаху, на главните раскрсници и мостовите во земјата барајќи негова оставка.
Нетанјаху е обвинет минатата година поради измама, злоупотреба на полжбата во три случаи и земање на мито. Тој демантира и ги обвинува медиумите, полицијата и правосудството за „лов на вештерки“.