Еден човек на возраст од 77 години загина и десетици се повредени во пожар во болница во Дизелдорф, јави ДПА.
Од повредените седуммина се во животна опасност. Шеесет и еден човек се пожалиле на болки поради вдушување чад.
Причината за пожарот засега е непозната.
Пожарот почнал да се шири од болничката соба во која било најдено неговото тело.