четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожарникар во урнатините во Флорида го пронашол телото на својата ќерка: Го покри со неговата јакна

Пожарникар во урнатините во Флорида го пронашол телото на својата ќерка: Го покри со неговата јакна

Седумгодишна ќерка на пожарникар во Мајами е една од новите жртви пронајдени меѓу урнатините на зградата што се распадна на Флорида минатата недела.

Бројот на загинати на тој начин се искачи на 22, а 126 лица сè уште се водат како исчезнати.

Оваа трагедија погоди многумина од нас затоа што познаваме некој што живеел во оваа зграда или бил погоден од оваа трагедија, рече на прес-конференција градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез.

Нејзиното тело беше пронајдено седум дена по уривањето на облакодерот Пожарникарот Енрике Аранго беше присутен кога телото на неговата седумгодишна ќерка Стела Катароси беше извлечено вчера од урнатините.

Пријатели на семејството на социјалните мрежи напишаа дека девојчето е пронајдено како спие со нејзината мајка Грациела, иако властите сè уште официјално не потврдија дали е пронајдено телото на мајката, пишува Дејли меил .

Таткото на Стела бил дел од спасувачкиот тим што го пронашол девојчето и бил присутен кога било пронајдено нејзиното тело. Тој беше на теренот со неговиот брат.

Кога му рековме дека сме близу до местото каде може да биде неговата сакана ќерка, тогаш тој застана рамо до рамо со другите колеги пожарникари. Го извадивме нејзиното тело и му дадовме шанса да се збогува, рече Игнатиј Керол, шеф на пожарникарската служба за спасување во Мајами.

Еден од спасувачите, кој сакаше да остане анонимен, рече дека таткото преку телото на детето ја ставил неговата јакна и ставил мало американско знаме на количката.

Малата Стела живеела во станот 501 со своето семејство. Спиеше во иста просторија со нејзината мајка. Во другата соба беа нејзините баба и дедо Грасиела и Гино Катароси, како и тетката Андреа, која дојде да ја посети од Аргентина. Засега нема официјални информации дали се пронајдени други членови на семејството кои биле во станот 501 за време на несреќата.