сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Познато е како изгледаат банкнотите со ликот на британскиот крал (ФОТО)

Познато е како изгледаат банкнотите со ликот на британскиот крал (ФОТО)

Банката на Англија ги претстави банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс Трети.

Имено, ликот на британскиот монарх ќе го има на банкнотите од пет, десет, дваесет и педесет фунти.

-Освен ликот на кралот Чарлс, нема да има промени на постоечкиот дизајн на парите, соопшти Банката на Англија.

Се додава дека ликот на кралот ќе се најде на аверсот на банкнотата, но и на малиот проѕирен безбедносен печат.