Соединетите Американски Држави денеска изразија поддршка за членката на НАТО, Литванија, во однос на заканите на Русија против Вилнус, која воведе ограничувања за некои стоки кои минуваат низ нејзина територија за руската енклава Калининград.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс повтори дека Вашингтон ја задржува својата посветеност според членот 5 од Договорот за НАТО, кој предвидува дека нападот на сојузничката земја е напад врз сите членки на НАТО.
„Ние ги поддржуваме нашите сојузници во НАТО и ја поддржуваме Литванија“, рече Прајс.
Тој го поздрави спроведувањето на европските санкции против Русија поради руската инвазија на Украина.
„Ја зајакнавме нашата посветеност за поддршка на Алијансата, го зајакнавме источното крило на НАТО, особено во оние земји кои се во првите редови на заканите на Русија“, рече Прајс. (МИА)