недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ПРЕД И ПОТОА: Како изгледа Бејрут после кобната несреќа? (ФОТО)

ПРЕД И ПОТОА: Како изгледа Бејрут после кобната несреќа? (ФОТО)

Голема експлозија во либанската престолнина Бејрут уби најмалку 27 луѓе, а повредени се повеќе од 2.500 лица, вели министерството за здравство.

Сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата во пристанишниот регион. Видеата објавени на интернет покажуваат чад проследен со облак во форма на печурка. Болниците се преполни со повредени и многу згради се уништени.

Шефот на внатрешната безбедност на Либан изјави дека експлозијата се случила во област што имала високо експлозивни материјал.

Експлозијата доаѓа во чувствително време за Либан, која се соочува со економска криза. Земјата се соочува и со тензии поради донесената пресуда за убиството на експремиерот Рафик Харири во 2005 година.

Некои извештаи посочуваат дека екплозијата можеби била несреќа. Националната новинска агенција во Либан објави дека избувнал пожар, во складиште со експлозив на пристаништето пред експлозијата. Локалните медиуми известуваат дека многу луѓе се заглавени под урнатините. Сведок ја опишува првата експлозија како заглушувачка, а видеоснимките покажуваат уништени автомобили и згради оштетени од експлозијата.