среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пред изумирање: Лемурите најзагрозени примати на Земјата

Пред изумирање: Лемурите најзагрозени примати на Земјата

Лемурите за Мадагаскар се она што се големите панди за Кина, истакнува Јохан Ратсимбазафу од Сојузот за заштита на животните во Мадагаскар.

Деведевет и пет проценти од светската популација на лемури е пред изумирање, што во моментов ги прави најзагрозени примати на Земјата, објави Меѓународната унија за заштита на природата.

Лемурите кои живеат во Мадагаскар се загрозени со сечењето на шумата, ширењето на земјоделските земјишта, ловот и рударството.

Од вкупно 111 видови и подвидови на лемури, загрозени се 105 од нив, тврдат од Унијата.

-Она што најмногу загрижува е растот на трендот за лов на лемури, вклучително и комерцијалниот лов, вели директорот на конзерваторискиот оддел на британското Зоолошко друштво.

Мадагаскар е еедна од најпознатите држави по својата биоразличност.

Од меѓународната унија најавуваат дека покренуваат голем акциски план за заштита и опстанок на лемурите.