петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Предупредување за секој кој пие парацетамол поради бизарен несакан ефект

Предупредување за секој кој пие парацетамол поради бизарен несакан ефект

Британски „The Sun“ пишува дека е издадено предупредување до сите кои земаат парацетамол поради бизарна нуспојава.

Американските научници открија дека обичниот лек против болки може да направи повеќе отколку да ја ублажи вашата главоболка.

Тим научници од Универзитетот во Охајо откриле дека ацетаминофен или парацетамол можат да ја променат вашата перцепција и да ве стават во опасност. Парацетамолот е еден од најчесто користените лекови против болки и може да се користи за лекување на умерена болка и намалување на високата температура.

Ретко предизвикува несакани ефекти ако ја следите вистинската доза.

Сепак, истражувачите открија дека оние кои го земаат лекот се со поголема веројатност да бидат изложени на ризик од оние кои земаат плацебо.

– Се чини дека парацетамолот ги тера луѓето да чувствуваат помалку негативни емоции кога размислуваат за ризични активности – тие едноставно не се чувствуваат толку исплашени – вели неврологот Болдвин Веј.

Речиси 25 проценти од населението во САД зема парацетамол секоја недела, така што намалената перцепција за ризик и зголеменото преземање ризик може да имаат важни општествени ефекти.

Најновата студија е објавена во списанието „Social Cognitive and Affective Neuroscience“ и увертира за понатамошни истражувања на оваа тема.

Тие откриле дека парацетамолот има психолошки ефекти, го намалува позитивното и негативното влијание, ги намалува негативните емоции кои вклучуваат повредени чувства, како и вознемиреност поради страдањето на другите, па дури и сопствената радост.