Каја Калас, премиерката на Естонија, ги повика европските земји да престанат да издаваат туристички визи за Русите поради инвазијата на Украина, пишуваат медиумите во светот.
„Посетата на Европа е привилегија, а не човеково право. Авиосообраќајот од Русија е затворен. Тоа значи дека додека членовите на шенген-зоната издаваат визи за руските граѓани, соседите на Русија го носат товарот. Време е да се запре туризмот од Русија“, напишала Калас на „Твитер“.
Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека треба да се забрани влез на руски државјани во Европа.