Италијанската влада работи на казните кои би можеле да се применат против групацијата Атлантија, поради трагичното рушење на мостот во Џенова, кажа денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте.
-Тој предмет (за казната) е во мојата торба и патува со мене последните неколку дена, изјави Конте.
Конте кажа дека 500 милиони евра, колку што понуди групацијата Атлантија за помош на жртвите од несреќата, е скромна цифра.
-Тие би можеле четири пати да ја зголемат таа цифра во меѓувреме, истакна италијанскиот премиер.
Прашан дали владата планира национален сектор за концесија на автопатиштата, Конте кажа дека владата проучува најдобар начин да се задоволи јавниот интерес.
Како што кажа тој, Рим добил алтернативни понуди од Атлантија за обновување на мостот.
Операторот „Austrada per I’Italia“, кој е составен дел од групацијата Атлантија, раководел со мостот во Џенова, кој се сруши и донесе 43 жртви минатата недела.