Истражните органи по налог на германското Обвинителство денеска влегоа во „Дојче банк“ во Франкфурт на Мајна.
Во акцијата се вклучени припадници на Федералната криминалистичка служба, Финансиската полиција и Обвинителството.
Засега не е позната позадината на претресот на канцелариите во „Дојче банк“.
Од Обвинителството соопштија дека се постапува врз основа на наредба на Судот во Франкфурт, додека други детали не може да се дадат поради истрагата што е во тек.
Ниту од „Дојче банк“ не се огласуваат со какви било информации за јавноста.