петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседател бара цела земја да се откаже од верата: „Наместо во црква, молете се дома“

Претседател бара цела земја да се откаже од верата: „Наместо во црква, молете се дома“

Во вербална војна која ја води со Католичката црква, филипинскиот претседател Родриго Дутерте сака граѓаните да се одречат од верата, велејќи дека црковните учења се неразумни, а свештениците корумпирани.

-Изградете капела во своите куќи, па таму молете се. Не мора да одите во црква и да им плаќате на овие идиоти, изјавил Детерте, а неговиот говор е пренесен од „ABS-CBN“.

Дутерте е познат по нападите на Бог.

-Што знаат тие за светот денес. Како луѓето пред 3.000 години можеа да предвидат што денес ќе се случува, прашува во својот говор одржан во неделата тој.

Филипинскиот претседател и летово предизвика низа констроверзии, кога го нарече Бог со погрдни имиња, а истакна и дека ќе поднесе оставка ако некој му докаже дека Бог постои.