Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска објави крај на владиниот едностран прекин на огнот и нареди војската повторно да започне операции ширум земјата.
Гани на прес-конференција истакна дека Владата го прифатила повикот на граѓаните за мир и сега е ред на талибанците.
Ова беше прво примирје за време на 17-годишната војна во Авганистан, по повод Рамазан бајрам.
МИА