недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на Шри Ланка понуди оставка по бранот протести

Претседателот на Шри Ланка понуди оставка по бранот протести

Претседателот на Шри Ланка Готабаја Раџапакса одлучи да се повлече од функцијата на 13 јули, објави денеска парламентарниот спикер Махинда Јапа Абејвардена.

Соопштението е објавено откако демонстрантите побараа од претседателот и премиерот да поднесат оставка. Тие упаднаа во резиденцијата и канцеларијата на претседателот и ја запалија приватната резиденција на премиерот.

„На претседателот му треба време да поднесе оставка за да обезбеди непречена транзиција на власта“, рече Абејвардена во изјавата емитувана на телевизија.