На Малдиви, земја со половина милион жители, денеска се одржуваат претседателски избори, што неформално се референдум за тоа дали Индија или Кина ќе има поголемо влијание врз архипелагот во југоисточниот дел на Индиски Океан.
На изборите се пријавени осум кандидати, како и актуелниот претседател Ибрахим Мохамед Солих, кој се смета за про-Индија. Солих се бори за втрор мандат, а неговиот главен ривал е Мохамед Муиза, кој го критикува дека и дозволил на Индија неконтролирано присуство на Малдивите.
Муиз вети дека ако стане претседател, ќе ги избрка индиските трупи од Малдивите и ќе ги избалансира трговските односи кои сега се во голема мера во корист на Индија.
Народниот национален конгрес, партијата на Муиз, се смета за силно прокинеска. Нејзиниот лидер, Абдула Јамин, кога беше претседател од 2013 до 2018 година, ги воведе Малдивите во кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“.
И Индија и Кина се борат за влијание во малата нација од 1.200 корални острови во Индискиот Океан, долж главната морска рута помеѓу Истокот и Западот.
Исто така, постои можност земјата со претежно сунитски муслимани да стане поконзервативна бидејќи и двете страни се поддржани од религиозните тврдокорни страни. Тие не поддржуваат насилство, но сакаат поголема контрола врз жените, тие се против музиката и уметноста, како и против верските слободи.
Право на глас на денешните избори имаат над 282.000 луѓе. Кандидатот треба да добие 50 отсто плус еден глас за да победи. Во спротивно, двата кандидати кои освоиле најголем број гласови же одат во втор круг. (МИА)