четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Причината за рушење на авионот со 189 патници останува мистерија: Зборовите на пилотот ја шокираа јавноста (ВИДЕО)

Причината за рушење на авионот со 189 патници останува мистерија: Зборовите на пилотот ја шокираа јавноста (ВИДЕО)

Додека и понатаму се бараат посмртните останки на патниците и членовите на екипажот на индонезискиот авион “Lion Air”, кој паднал 19 минути по полетувањето, властите наредиле детална инспекција на авионот во сопственост на оваа авиокомпанија.

Од морето биле извлечени 24 тела, а се стравува дека сите 189 патници и членови на екипажот се мртви.

Властите сега навеле дека постои голема веројатност останките на сите патници никогаш да не бидат пронајдени.

Причината за падот останува мистерија

Причината за падот на авионот се уште не е позната, но постојат повеќе индиции дека падот би можел да биде спречен. Деветнаесет километри по полетувањето, авионот побарал да му се овозможи враќање на аеродромот. Но, што е особено чудно, не навел дека станува збор за итен случај.

Радарите не забележале дека авионот се свртел, а контролата брзо изгубила контакт со леталото.

“Тука ми е најчудно што не прогласиле никаква тревога. Само рекле: “Ние се враќаме”, изјавил Дејвиц Суци, поранешен инспектор за безбедност во воздушниот простор во САД.

Ден претходно имал големи проблеми

Но, во целата приказна е уште почудно што истиот авион ден претходно имал големи проблеми кога летал од Денпасар до Џакарта. Техничкиот лет од Бали кон главниот град на Индонезија открива дека еден од инструментите бил “непоуздан”, а пилотот морал да го предаде управувањето на првиот официр.

По слетувањето, авионот го прегледале механичари и му дале зелено светло за нов лет. Веќе претходно, директорот на компанијата изјавил дека авионот имал “технички проблеми”, но додал дека истите се решени.

“Доколку авионот имал некаков дефект, тој не би можел ни да полета”, изјавил тој.