Цел живот го поддржував брат ми, но повеќе не можам, изјави принцот Вилијам откако Меган Маркл и принцот Хари донесоа одлука да се повлечат од кралските должности.
Тој изјави дека е тажен поради одлуката на принцот Хари да се повлече од кралското семејство.
-Цел живот сум тука за него, го заштитувам, но веќе не можам. Ние сега сме два различни света и сè што можам да направам е да го поддржам во она што го прави и да верувам дека еден ден повторно ќе бидеме на истата страна, во истиот тим“, изјавил принцот, а изјавата ја пренеле „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на извор близок до кралското семејство.
Кралицата Елизабета за утре го повика својот внук, принцот Хари, на „кризен состанок“ , за да разговара за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, откако одеднаш, без никаква најава, двојката соопшти дека сакаат да се повлечат од кралските должности.
Таткото на Хари, принцот престолонаследник Чарлс, и неговиот брат, принцот Вилијам, исто така, ќе присуствуваат на состанокот, што ќе се одржи утре на имот на кралицата Сандрингам во Нортфолк, на истокот од Англија, изјави извор од Бакингемската палата.