четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Притворениот опозициски блогер го фали Лукашенко, родителите веруваат дека бил принуден

Притворениот опозициски блогер го фали Лукашенко, родителите веруваат дека бил принуден

Во Белорусија, државната телевизија по првпат емитуваше долго интервју со затворениот владин критичар, младиот блогер Роман Протасевич, јави ДПА.

Во интервјуто за радиодифузерот ОНТ, што беше емитувано синоќа, 26-годишниот блогер призна дека организирал протести против претседателот Александар Лукашенко. Во исто време, тој рече дека му се восхитува на Лукашенко.

Неговата мајка Наталија Протасевич, која живее во Полска, денеска го оцени интервјуто како резултат на тортура во затвор.

„Не можам ни да ги замислам методите на тортура – психолошки и физички – на кои мојот син е подложен во моментот“, изјави 46-годишната жена за ДПА. – Веројатно не можете да претрпите поголема тортура како мајка, вели таа.

Во еден и полчасовен разговор, Протасевич упати обвинувања и против другите членови на белоруската опозиција, понекогаш со трепетлив глас.

Родителите на Протасевич веќе изразија сомневање дека нивниот син бил малтретиран во затвор и бил принуден да дава такви изјави.

Пред речиси две недели, Лукашенко принуди патнички авион да биде преносечен и да слета во Минск, по што беа уапсени Протасевич и неговата девојка.

Инцидентот, во кој беше вклучен комерцијален лет на Рајанер меѓу Атина и Вилнус – го интензивираше конфликтот меѓу поранешната советска република и Западот. Како резултат на тоа, ЕУ и САД воведоа нови санкции кон Белорусија. (МИА)