сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продавниците за облека во Авганистан мораат да ги отстранат главите од куклите од излозите

Продавниците за облека во Авганистан мораат да ги отстранат главите од куклите од излозите

Талибанските власти во западната авганистанска провинција Херат им наредија на продавниците за облека да ги отстранат главите од куклите од излозите, тврдејќи дека се антиисламски.

Провинцискиот директор на Министерството за промоција на доблести и спречување пороци, Азиз ул Рахман, изјави за ДПА дека главите „мора да се отстранат“. Сопствениците на продавници се обидоа да им објаснат на талибанските власти дека цели кукли со глави не го нарушуваат исламот затоа што не претставуваат „идоли“ туку се користат само за изложување облека за продажба, но не успеаја. Така, продавниците за облека почнаа да ги отстрануваат главите на куклите, во согласност со директивата.

Околу 20 отсто од продавниците веќе ја примениле уредбата.