понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува трендот на раст на акциите на Волстрит

Продолжува трендот на раст на акциите на Волстрит

Вредноста на акциите на Волстрит се зголемија на отворањето на денешното тргување, продолжувајќи го нагорниот тренд од изминатите два дена, со оглед дека инвеститорите се надеваат на дополнителни стимулативни мерки од државата, откако беше објавено дека минатата недела 3,3 милиони Американци аплицирале за надомест за невработени, што укажува на катастрофалните економски ефекти на пандемијата на коронавирус

Индустрискиот индекс Дау Џонс порасна за 267,83 поени, или за 1,26 проценти, на 21.468,38 поени откако ѕвончето огласи почетокок на работата на Њујоршката берза, јавуваат американските медиуми.

Индексот С&П 500 го започна денот на тргување со добивка од 25,73 поени или 1,04 проценти, на 2.501,29 поени, додека технолошкиот Насдак Композит зајакна на 77.91 поени или 1,06 проценти, на 7.462.21 поени на отворањето.