Полицијата во Белорусија приведе 20 демонстранти, кои вчера повторно се собраа на плоштадот во центарот на Минск да протестираат, барајќи оставка на белорускиот лидер Александар Лукашенко.
Новите апсења на демонстрантите, кои се на улиците повеќе од две недели, следуваа по зголемениот притисок од властите врз опозицијата. Неколку активисти се уапсени во последните неколку дена, додека други беа повикани на разговор, а на десетици демонстранти им е наредено да се појават на суд.
Протестите почнаа по објавувањето на официјалните резултати од претседателските избори на 9 август, според кои Лукашенко го освои шестиот последователен претседателски мандат со 80 проценти од гласовите.
Опозицијата смета дека изборите биле нерегуларни и повика тој да си даде оставка по 26 години власт.