понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжуваат протестите во Киргистан

Продолжуваат протестите во Киргистан

На централниот плоштад во главниот град Киргистан утрово продолжуваат протестите, а демонстрантите бараат импичмент на претседателот на таа земја Соронбаи Женбеков.

Демонстрантите велат дека претседателот „го предал својот народ“ и бараат негово отповикување и заминување претходните политичари.

Утрово на митинг во центарот на Бишкек се собраа и околу 200 луѓе кои се противат на именувањето на Садир Жапаров за нов премиер и бараат местото да се отстапи на млади политичари.

Во текот на ноќта дојде до судир меѓу самоорганизирани граѓани во Бишкек со антивладините демонстранти, откако Централната изборна комисија ги поништи резултатите од парламентарните избори. Министерството за здравство информираше дека бројот на повредени на протестите се искачил на 911 лица.

Опозициските групи презедоа контрола над голем дел од државниот апарат откако упаднаа во објекти за време на протестите заради објавените изборни резултати, но претседателот Женбеков остана на власт.

Доцна синоќа членовите на киргистанскиот парламент се согласија да го номинираат опозицискиот политичар Садир Жапаров, кој демонстрантите го ослободија од затвор неколку часа претходно,, за премиер, но незадоволната толпа упадна во хотелот каде се одржа сесијата. Жапаров Како што јави Би Би Си тој бил принуден да побегне низ споредниот излез на хотелот.

Истовремено, неколку партии во Киргистан се обединија и соопштија дека формираат Координативен совет.