Индонезискиот тим за потрага пронајде една од двете црни кутии, на авион на компанијата „Сривиџаја ер“, што се урна пред три дена во Јаванско Море, при што загинаа 62 патници и членови на екипажот.
Се уште е непознато дали се пронајдени снимачот на глас во кокпитот или снимачот на податоци за летот.
Авиононт во саботата полета од Џакарта кон градот Понтијак на островот Борнео и за кратко време исчезна од радарите.