петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пронајдени 20 безживотни тела во пустина во Либија

Пронајдени 20 безживотни тела во пустина во Либија

Во пустина во Либија се пронајдени 20 безживотни тела, а се верува дека се работи за луѓе кои се изгубиле во пустина и дека починале од жед.

Телата ги пронашол во вторникот возач на камион кој минувал. Телата се пронајдени на околу 320 километри југозападно од Куфра и 120 километри од границата со Чад.

„ Возачот се изгуби. Веруваме дека луѓето починале во пустина пред 14-ина дена, бидејќи последниот повик на мобилниот телефон бил регистриран на 13 јуни“ соопшти директорот на Брзата помош во Куфра.

Во оваа ретко населена област, летните температури често надминуваат 40 степени Целзиусови.

Две од жртвите се идентификувани како либиски државјани, додека останатите се верува дека се мигранти од Чад кои побегнале во Либија.

Од 2011 година, кога беше убиен Моамер Гадафи, Либија стана доминантна транзитна точка за луѓето кои бегаат од војна и сиромаштија во Африка и делови од Блискиот Исток, надевајќи се на подобар живот во Европа. Тие патуваат по опасна патека низ пустината за да стигнат до морето, а потоа до Европа.

За жал, многумина страдаат на патот.