вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пронајдено 4- годишното девојче кое исчезна пред повеќе од две недели, еве ги деталите

Пронајдено 4- годишното девојче кое исчезна пред повеќе од две недели, еве ги деталите

Четиригодишно девојченце кои исчезнало од камп во Австралија пред повеќе од две седмции е пронајдено и е вратено на родителите, откако полицијата го спасила од заклучена куќа.

Полицијата провалила во куќа во Карнарвон, град околу 100 километри јужно од кампот и ја пронашла Кело Смит во една од собите.

-Еден од полицајците ја зема во прегратка и ја праша како се вика. „Се викам Клео“- одговори, изјави заменикот на полицискиот началник на сојузната држава Западна Австралија на локалната телевизија, додавајќи дека во врска со случајот е приведен еден маж.

Клео последен пат пред исчезнувањето била видена во шаторот на своето семејство околу 1,30 часот по локално време на 16-ти октомври во зафрлениот камп „Blowholes Shacks“ во Меклеуд, околу 900 километри од Перт, главниот град на Западна Австралија.

Австралиската полиција стравуваше дека девојченцето е грабнато и понуди милиони австралиски долари за секаква информација.

„Колку убав ден, ја вративме Клео на нејзините родители. Ова е прекрасен ден за ова девојченце и нејзиното прекрасно семејство“, изјави директорот на полицијата на Западна Австралија, Крис Даувсон на прес-конференција.

Тим од 140 луѓе работел на случајот, а полицијата реагирала на повеќе од 1.000 дојави од граѓаните.

„Таа изгледа физички добро. Тоа беше евидентно од почетокот. Таа е многу мило, енергично девојче, многу доверливо и многу отворено кон нас“, изјави инспекторот од одделот за убиство Камерон Блејн, кој бил меѓу четворицата кои го спасиле детето од куќата и вели дека ова „без двоумење“ му е најдобриот момент во кариерата.

Австралискиот премиер Скот Морисон, исто така, ја поздрави „прекрасната, олеснувачка вест“. „Клео Смит е пронајдена. Дома е, здрава и безбедна. Нашите молитви се услишани“, напиша Морисон на Твитер.