Украинските сили и понатаму ги бранат градовите Бакмут и Сиверск, соопшти украинската армија известувајќи за големата руска офанзива во Доњецк.
– Непријателот продолжува со обидите за напад во правец на градовите Бакмут и Сиверск, но наидува на силен отпор од украинските сили. Во исто време Русите ги интензивираа нападите во правец на градот Авдијевка и се обидуваат да ги подобрат своите тактички позиции. Но, тие не успеаја и се повлекоа, се наведува во соопштението на украинската армија.
Авдијивка се наоѓа во непосредна близина на градот Доњецк, кој и покрај повеќемесечните бомбардирања сè уште е под контрола на Украинците.
Додека портпаролот на силите на самопрогласената Доњецка народна република, Едуард Басурин, тврди дека во тек се подготовки за „извршување на планираните задачи за ослободување на територијата на републиката. Тоа се случува на подрачјата на Авдијвка и Хорливка“.
– Целта на силите на ДНР е да се опколат украинските борци во Бакмут и да обезбедат територијата контролирана од ДНР да биде надвор од дострелот на украинската артилерија, истакна Басурин, додавајќи дека напредувањето на силите на ДНР и руската армија ќе ги „присили“ украинските сили да се повлечат длабоко на територијата на Украина.