среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Протести против закон со кој се задушува независноста на медиумите во Полска

Протести против закон со кој се задушува независноста на медиумите во Полска

Во Полска вечерва се одржуваат протести против законот со кој, според критичарите, владејачката партија се обидува да ги задуши независните медиуми.

Незадоволството на граѓаните беше предизвикано од обидите на полските власти да замолчат независна американска телевизија, која инаку ја критикува владата, но сигурно е дека технички овој закон ќе ги спречи неевропските сопственици да имаат удел во полските медиумски куќи.

Практично, тој закон ќе ја присили американската медиумска куќа Дискавери инк. да го продаде својот удел во мрежата ТВН, која емитува голем број канали, но и каналот за вести ТВН24, кој има најголема, милионска гледаност на информативна програма.

Усвојувањето на тој закон ќе ја загрози репутацијата на Полска како земја во која медиумите се слободни и каде медиумскиот простор е отворен за странски компании, а предлог -законот доведе до заострување на односите со САД, клучен сојузник на Полска.

Меѓутоа, полската владејачка партија Право и правда не се откажува од намерата да ги национализира медиумите, повикувајќи се на националната безбедност.