вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Протести во Мадрид против префрлање на останките на диктаторот Франко во катедралата Алмудена

Протести во Мадрид против префрлање на останките на диктаторот Франко во катедралата Алмудена

Илјадници луѓе протестираа синоќа пред католичката катедрала Алмудена во центарот на Мадрид против плановите за префрлање на посмртните останки на диктаторот Франциско Франко во катедралата, пренесува ДПА.

Семејствата на десетици илјади негови противници, убиени или затворени во текот на неговото 40-годишно владеење, се против тој да биде погребан во тоа исконско место.

Учесниците на протестот синоќа скандираа: „Криминалците треба да останат надвор од катедралата“.

Во септември шпанските пратеници го одобрија преместувањето на останките на Франко од мавзолејот, каде што се закопани десетици илјади жртви на граѓанската војна од 1936-1939 година.

Засега не е познато каде ќе бидат префрлени останките. Семејството на Франко има крипта во катедралата и неговата ќерка е погребана таму.

Фондацијата, која го носи неговото име Франко и го промовира споменот на поранешниот диктатор, смета дека неговите останки треба да бидат погребани во катедралата во Мадрид.

МИА