Најмалку 13 лица загинаа денеска откако безбедносни сили отворија оган врз демонстрантите во Мјанмар. Меѓу загинатите, според локалните медиуми, е и еден тинејџер.
Во мјанмарскиот централен град Монива убиени се пет лица, додека во градот Мингјан убиен е тинејџер. Загинати демонстранти има и во другите градови ширум Мјанмар каде се одржуваат протести.
Протестите во Мјанмар почнаа откако армијата на 1 февруари воведе вонредна состојба и ја презеде власта во државата и уапси високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи. Власта ја презеде командантот на вооружените сили генерал Мин Аунг Хлаинг, кој смени 24 министри и заменици и именува 11 нови министри.