Еден демонстрант од движењето „Жолти елеци“ настрада при денешните протести во Париз. На демонстрантот му била разнесена раката со граната „GLI-F4“, пренесуваат севетските медиуми.
Известувач на медиумот “Sputnik” пренесува дека инцидентот се случил во близина на Националното собрание во Париз, од каде демонстрантите се упатиле кон Ајфеловата кула. Тогаш дошло до судир меѓу полицијата и “Жолтите елеци” во кои биле користени солзавец и пендреци, а некои медиуми пренеле дека полицијата ги окружила демонстрантите.
Не е сосема јасно како дошло до несреќата. Според една верзија, повредениот маж самиот ја земал гранатите во рака, а таа подоцна експлодирала, но сведоците тврдат дека тоа не е точно. Не е јасно дали полицијата го погодила или можеби некој од масата. Според наводите на порталот “RT”, повредениот демонстрант веднаш бил префрлен во болница.
Инаку, станува збор за граната со солзавец “GLI-F4”, која содржи експлозивно полнење од 25 грама ТНТ, а која француската полиција ја користи од 2011-та година.
Денешниот протест, 13-ти по ред, набрзо по почетокот прераснал во судир на полицијата и демонстрантите. Пријавени биле повеќе судири меѓу Жолтите елеци и полицијата на Елисејските полиња во кои бил користен солзавец, а на социјалните мрежи кружат фотографии од крвави демонстранти со коментари дека полицијата е многу брутална. Исто така, биле снимени и сцени кога демонстрантите ја нападнале полицијата.
Демонстрации биле планирани и во други градови, вклучувајќи ги Монпеље, Лил, Нант, Рен, Брест, Кан и Лориент.