четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Протетси во Германија пред посетата на Ердоган

Протетси во Германија пред посетата на Ердоган

Планираната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Германија беше причина синоќа во повеќе германски градови да се одржат протести, јави ДПА.

Полицијата проценува дека неколку стотици луѓе учествувале во протестот во германскиот главен град Берлин. Демонстрантите држеа транспаренти со натписи „Ердоган не е добредојден”.

Митинзите беа организирани од коалиција организации против турскиот претседател, вклучувајќи го и курдското здружение.

Во неколку германски градови по улиците се одржаа протестни маршеви на кои имаше од 80 до 200 луѓе.

За петок и сабота се планирани неколку големи протести во Берлин и Келн против посетата на Ердоган. Се очекува дека ќе бидат присутни околу 10.000 луѓе.

Турскиот претседател во Берлин ќе пристигне в четвртокот, а в саботата заминува за Келн.