Првиот авион за депортација од 2020 година вчера полета од САД за Куба, неколку месеци откако земјата се согласи да прифати летови со Кубанци фатени на границата меѓу САД и Мексико за прв пат од пандемијата на Ковид-19.
-На 24 април, Управата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) го продолжи редовниот процес на депортирање на кубанските државјани кои добија правосилни решенија, рече портпаролот на Министерството за домашна безбедност (ДХС) во соопштени испратено по електронска пошта.
Кубанската Влада го потврди пристигнувањето на летот, и на Твитер соопшти дека во авионот имало 40 Кубанци пресретнати во чамци и 83 уапсени на границата меѓу САД и Мексико.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во јануари почна да ги депортира државјаните на Куба, Хаити и Никарагва, кои ја преминале границата меѓу САД и Мексико, назад во Мексико врз основа на т.н. Мерки 42, во исто време отварајќи нови правни патишта за овие групи. (МИА)