четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прв пат по 3 години заѕвонеле црковните ѕвона: Вака изгледала првата божиќна миса во Мосул по поразот на ИСИС

Прв пат по 3 години заѕвонеле црковните ѕвона: Вака изгледала првата божиќна миса во Мосул по поразот на ИСИС

Во Мосул денес била одржана божиќна миса откако терористите на ИСИС биле истерани од градот, прва Божиќна служба по три години.

Џихадистите ги принудувале христијаните да се преобратат во ислам или ги убивале на најстрашни начини.

Денес мосулските христијани прв пат биле на миса во многу оштетената црква Свети Павле. Иако џихадистите биле поразени, во текот на службата пред црквата имало оклопни возила, додека внатре со бели чаршафи биле покриени прозорите уништени во бомбардирањата.

Патријархот на ирачката католичка црква, Луис Рафаел Сако, ги замолил верниците да се молат за “мир и стабилност во Мосул, Ирак и светот”.

Црквата на Свети Павле е единствената црква во Мосул, која работи и е отворена по напорите на волонтерите.

Се проценува дека во тој град, пред доаѓањето на ИСИС, имало 35.000 христијани.