Шведската полиција врши истрага за нападот со нож кој попладнево се случи во градот Вентланд, во јужниот дел од земјата, при што биле избодени најмалку осум лица.
Полицијата наведува дека е можно да станува збор за терористички напад. Засега не е потврден ниту еден смртен случај, а едно лице се наоѓа во притвор.
Полицијата соопшти дека момче на околу 20-годишна возраст почнало да ги напаѓа со нож луѓето околу себе околу 15 часот, по што безбедносните сили отвориле оган и го раниле во нога. Напаѓачот е пренесен в болница. Некои од жртвите се полесно, а некои се потешко повредени.
Мотивот за нападот се уште не е познат, но полицијата засега го третира како терористички. Моментно ситуацијата е под контрола. (МИА)
الشرطة السويديّة: 8 إصابات ولا قتلى بحادثة الطعن في مدينة فيتلاندا وإلقاء القبض على المنفذ #Vetlanda #Sweden pic.twitter.com/W6LtYzCFDC
— nbnlebanon (@nbntweets) March 3, 2021