Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се појави во јавност првпат по 20 дена, бидејќи присуствувал на церемонија на отворање фабрика северно од Пјонгјанг, објави државната агенција КЦНА.
Подолго време се шпекулира за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер, тврдејќи дека по неуспешната операција на срцетот тој се наоѓа во животна опасност. Светските медиуми пишуваа дека е мртов.
Ким последен пат е виден на 11 април за време на седницата на Политбирото на владејачката Работничка партија.
Оттогаш не е објавена ниту една актуелна фотографија, ниту пак видео снимка, се до овие од денес.
NEW: Kim Jong Un attended the opening of a fertilizer factory on May 1, in his first public appearance in weeks. – KCNA pic.twitter.com/k2c6t6nB40
— Norbert Elekes (@NorbertElekes) May 2, 2020