13-та најмала земја на светот, Палау, има само 20.000 жители, а годишно ја посетуваат повеќе од 160.000 туристи, поради што бројката се одрази и на животната средина. Затоа секој посетител што ќе дојде на Палау во својот пасош ќе добие печат со заклетва која мора да ја потпише пред да му се одобри влез во земјата.
Заклетвата е поради долгогодишно настојување да се сопре претераното уништување и искористување на природните ресурси. Ова го наложи локалната власт.
„Деца на Палау, се колнам со оваа заклетва дека како ваш гостин, ќе ја чувам и заштитувам вашата прекрасна островска земја. Се колнам дека ќе ја третирам како богатство и ќе ја истражувам со свест. Нема да земам ништо што не ми треба. Нема да му наштетам на она што не ми штети мене. Единствени отисоци што ќе ги оставам се оние кои ќе се измијат“, стои во заклетвата.
Палау е прва држава во светот која воведе ваков тип заклетва во својот закон.
Децата во училиште ќе учат за еколоја и како да ја сочуваат својата животна средина.
Ако се прекрши заклетвата туристите ќе платат износ до милион долари.
Палау е архипелаг од 200 природни вулкански и варовити острови сместени во Тихиот океан меѓу Јапонија и Австралија. Богати се со чисти плажи и планини.