Поранешниот претседател на Каталонија во егзил во Белгија, Карлес Пуџдемон во неговата нова книга промовирана денеска во Брисел сугерира дека претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, треба да посредува во каталонската криза.
Пуџдемон забележува дека имало политички молк во ЕУ по референдумот за независност на Каталонија во 2017 година, но и дека токму тој молк и остава на Унијата простор за медијаторска улога.
-Една личност посебно може да ја одигра таа улога, тоа е Доналд Туск, тој единствено се изрази на најкоректен начин досега, изјави лидерот во егзил.
Во неговата нова книга насловена „Каталонската криза, можност за Европа“, Пуџдемон истакнува дека сака да ја „европеизира“ својата борба, додека на ЕУ е да ги стави интересите на граѓаните над оние на државите, кога државите ги загрозуваа основите начела на Унијата, како што слободата на изразување.
Книгата е издадена на француски, холандски и каталонски, но не и на кастиљански јазик.