Дванаесет лица се повредени во инцидент со пукање во трговски центар во Колумбија, Јужна Каролина.
Во врска со инцидентот приведени се три лица кои имале оружје со себе, изјави началникот на колумбиската полиција Скип Холбрук, додавајќи дека најмалку еден пукал.
-Не веруваме дека ова е несреќен случај. Мислиме дека се познавале и дека нешто довело до пукањето, рече Холбрук.
Надлежните соопштија дека во инцидентот нема жртви, но во болница се пренесени осум повредени, од кои двајца се во критична состојба. Останатите шест лица се стабилни.
Повредените се на возраст од 15 до 73 години.