Најмалку десет деца се повредени од истрели во едно училиште во Алабама, САД. Повредените се на возраст меѓу 15 и 18 години, а пет од нив се во критична состојба.
Пукањето се случило за време на еден фудбалски натпревар меѓу два средношколски тима на стадионот Лад-Пиблс.
Полицијата разговара со сведоци за да утврди што точно се случило и од каде дошле истрелите. Според американските медиуми, две лица биле уапсени.
Пукањето се случило по мечот, а има медиумски информации дека имало и тепачка на трибините.