вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пукна брана поради обилни дождови- најмалку 47 лица загинаа (ФОТО)

Пукна брана поради обилни дождови- најмалку 47 лица загинаа (ФОТО)

Најмалку 47 лица загинаа во кенискиот град Солај, кога по повеќенеделни обилни врнежи на дожд пукна брана, соопшти попладнево шефот на локалната полиција, Џафет Киоко.

– Досега е потврдена смртта на 47 лица. Се уште сме на терен, нагласи Киоко.

Тој додаде дека се стравува оти конечниот биланс на жртвите би можел да биде многу поголем, бидејќи и натаму се излекуваат тела од калта.

Кенија брана ЕПА

Браната пукна синоќа во Солај во областа Накуру, на 190 километри северозападно од Најроби. При налетот на водата се уништени стотици куќи, а околу 2.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

– Водата предизвика огромни разурнувања кога се во прашање човечките животи и имоти. Обемот на штетата се уште се проценува. изјави гувернерот на Накуру, Ли Кињаџуи.

Кенискиот Црвен крст и службата за вонредни ситуации досега спасиле околу 40 лица и ги префрлиле во болница.

Кенија брана ЕПА

Во поплави што ја зафатија Кенија во текот на март загинаа 132 лица, а над 220.000 беа принудени да ги напуштат своите домови. (МИА)