четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пукотници на фестивал во Њу Џерси, еден загинат и повеќе ранети

Пукотници на фестивал во Њу Џерси, еден загинат и повеќе ранети

На културен фестивал во Трентон, во Њу Џерси, во текот на изминатата ноќ дошло до пукотници во кои најмалку едно лице е убиено, а повеќе луѓе се ранети.

Пукотниците се случиле нешто пред 3 часот по полнок, по локално време, на фестивал за уметност, музика и храна под името „Целоноќна уметност“ (Art All Night), кој почна во саботата попладне, а требало да трае 24 часа, пренесува АП.

Од трентоснката полиција велат дека повеќе луѓе се ранети и одведени во болница, каде неколкумина биле веднаш пренесени на операција.

Местото на инцидентот е опишано како прилично хаотично.

Засега нема повеќе детали и официјални информации за инцидентот. Инаку, овој фестивал секоја година привлекува илјадници луѓе.