вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Путин го потпиша законот што му овозможува нови две претседателски кандидатури

Путин го потпиша законот што му овозможува нови две претседателски кандидатури

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот што му дозволува повторно да се кандидира за претседател на Русија. Законот денеска беше објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, пренесе Тасс.

Бројни одредби од законот се донесени врз основа на амандмани поднесени на Уставот. Еден од новоприфатените амандмани е ограничување на бројот на претседателски мандати за една личност.

Тоа се однесува на актуелниот претседател, без разлика на неговите претходни претседателски мандати, и му овозможува на сегашниот шеф на државата да се кандидира за претседател уште двапати.

Според законот, кандидатот за претседател на Русија може да биде секој граѓанин на Русија не помлад од 35 години, кој престојувал на територијата на државата најмалку 25 години и никогаш немал дозвола за државјанство или постојан престој на друга држава.

Ова правило не се однесува на Русите кои претходно имале државјанство на друга држава која била примена во Руската Федерација во согласност со федералното уставно право.