петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПУТИН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ – следуваат 15 години затвор за сите оние кои што ќе го направат ова, државата е немилосрдна!

ПУТИН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ – следуваат 15 години затвор за сите оние кои што ќе го направат ова, државата е немилосрдна!

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се гонат авторите на „лажни вести“ за војската. Објавувањето на вести, кои руските власти ги сметаат за „лажни“ би можело да биде казнето со вкупно 15 години затвор, објавија западните медиуми.

Авторите и дистрибутерите на дезинформации за дејствијата на руските вооружени сили можат да добијат затворска казна до три години. Доколку лажната вест се шири како дел од „организирана група“ или е придружена со фалсификување докази, максималната казна се зголемува на 10 години затвор.

Доколку ширењето на лажни информации предизвика сериозни последици, сторителите ќе добијат казна затвор до 15 години, се наведува во новиот закон во Русија.