Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон, денеска телефонски разговараа за ситуацијата во Нагорно- Карабах, соопшти Кремљ.
Британските медиуми пренесуваат дека двајцата лидери се согласиле дека ситуацијата во регионот генерално се стабилизирала и дека е време да се решат и хуманитарните прашања.
Путин и Макорн, меѓудругото, истакнале дека треба да се реши и враќањето на бегалците и зачувувањето на христијанските цркви и манастири.