сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Путин му даде руско државјанство на Сноуден

Путин му даде руско државјанство на Сноуден

Рускиот претседател Владимир Путин му даде руско државјанство на Едвард Сноуден, јавија дел од светските медиуми.

Свиркачот е познат по објавувањето строго доверливи податоци од американската Национална безбедносна агенција во 2013 година, кога беше вработен таму.

Властите со години сакаа Сноуден да се врати во САД со цел да се соочи со судење за обвиненијата за шпионажа. (МИА)