Годишната конференција за медиуми на рускиот претседател Владимир Путин, траеше три часа и 43 минути, и за тоа време тој одговори на 53 прашања на новинари.
Конференцијата траеше три минути подолго од минатата година.
На 14-та годишна прес-конференција, одржана во Светскиот трговски центар во Москва, беа акредитирани рекордни 1.702 новинари.
Првата годишна конференција за медиуми во 2001 година, траеше најкратко, само еден час и 35 минути. Најдолга беше таа во 2008 година, кога Путин одговараше на прашања четири часа и 40 минути.
MIA