четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Путин во Кемерово: Положи цвеќе и проговори за причините за пожарот во кој загинаа голем број деца

Путин во Кемерово: Положи цвеќе и проговори за причините за пожарот во кој загинаа голем број деца

Рускиот претседател Владимир Путин денес го посети Кемерово каде во пожар во трговскиот центар „Зимнаја вишња“ животот го загубија најмалку 64 лица, од кои најголем дел деца.

Путин положи цвеќе, а пред своето обраќање повика на минута молк, по што на семејставата на жртвите им изрази сочувство.

Рускиот претседател истакна дека криминална немарност и негрижа се некои од причините за пожарот кој избувна во трговскиот центар.

-Тоа што се случува тука не е борбена ситуација или неочекувана експлозија на метан во рудник. Луѓето дојдоа тука да се одморат, деца. Зборуваме за демографија и потоа ќе изгубиме толку голем број лица, поради што? Поради криминална немарност и негрижа, рекол Путин.

Пожарот во трговскиот центар во Кемерово избувна во неделата на четвртиот кат од трговскиот центар каде се наоѓаат кино сали и детски забавен центар.

Противпожарниот аларм не работел

Противпожарниот аларм во трговскиот центар во кој во неделата избувна голем пожар не работел од 19 март, соопшти претседателот на Истражниот комитет Александар Бастрикин на состанокот со кој претседаваше Путин.

Бастрикин додал и дека никој не се позанимавал со овој проблем посочувајќи дека еден од чуварите во трговскиот центар заборавил на време да го вклучи системот за гласовно предупредување.

-Не можеме да пронајдеме разумно објаснување, изгледа воопшто не е обучен, нагласил Бастрикин.