Официјални претставници на американската сојузна држава Џорџија, една од клучните за исходот од изборите во САД, денеска најавија дека во ова држава ќе има пребројување на сите пристигнати гласови, пред се, поради многу малата разлика во гласовите.
Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, изкјави дека гласовите во таа држава повторно ќе бидат преброени.
-Ќе има преборјување во Џорџија, рече Рафенспергер во Атланта, додавајќи дека тоа се прави заради транспарентност на процесот.
Разликата во гласовите меѓу двајцата кандидати во моментов е околу 1.579 гласа, во корист на Бајден, откако тој денеска го презеде водството.
Габриел Стерлинг, шеф на изборниот процес во оваа држава, изјави дека не може да ги гарантира конечните резултати од изборите до крајот на ноември. (МИА)